Месецот пред декември, кога е сезона на верски христијански празници, е полно со темни, дури и страшни традиции и фестивали како на пример Krampusnacht или Lewes Bonfire.
Сепак, постојат места и фестивали кои ќе ве восхитат и инспирираат. Проверете ја листата на овие разнобојни, исклучителни и инспиративни места кои би можеле да ги посетите во ноември.
10. Пустината Сахара, Мароко
Најголемата пустина во светот, која покрај песочниот пејсаж, менливите дини, клисури, оази, ви дава и автентичното искуство. Таа е најпогодна и пријатна за посета во ноември.
9. Париз, Франција
Еден од најпосетуваните градови во светот е шармантен во ова време од годината. Покрај тоа, со помалиот број на туристи, помали се редиците во музеите, архитектонските места и рестораните, а и хотелите се поефтини.
8. Јелоустоун националниот парк, Вајоминг, САД
Еден од најимпресивните природни резервати во Северна Америка е горд на својата разновидна флора и фауна, геолошките чуда, кои варираат од дрвја, гејзери, вулкани и многу повеќе. Одличен за посета во овој период од годината.
7. Буенос Аирес, Аргентина
Како еден од најпријателските градови во светот, во Буенос Ариес е пролет низ целата година што го прави градот една цветна бомба. Исто така се одржува Поло шампионатот кој привлекува ентузијасти од целиот свет.
6. Мелбурн, Австралија
Уште еден град кој ја слави пролетта во ноември. Во Мелбурн цветаат цвеќињата ова време и со тоа ве поканува да ја посетите бујната Кралска ботаничка градина.
5. Сејшели
Едни од најпосакуваните туристички дестинации, кои се наоѓаат на Индискиот океан, дочекува гости низ целата година. Но, ноември е најдобро време за нуркање, бидејќи температурата на водата достигнува 29 степени и видливоста е повеќе од 30 метри!
4. Крампуснач, Клагенфурт, Австрија
На 24 ноември иконскиот Krampusnacht фестивал ќе се одржи во јужниот град на Австријс. Крампус е страшно суштество од алпскиот фолклор, кој доаѓа за време на Божиќ и ги казнува лошите деца. Тоа е голем празник во кој стотици учесници маршираат во страшни маски.
3. Ји Пенг Фенер фестивал, Тајланд
Во текот на месецот, фестивалот на светлината ја превзема целата земја. Илјадници запалени фенери се пуштаат кон небото до Буда како ритуал, кој го чисти духот од лошата среќа. Главното место на прослава се одвива во Чианг Маи.
2. Lewes Bonfire, Левес, Велика Британија
Релативно мирниот град Левес се претвора во еден од најгласните во ноември. Прославата покрај оган потекнува од 1606 година, откако бил откриен заговорот да го убијат кралот и да ја кренат во воздух Куќата на лордовите. Иницијаторот на заговорот, Гај Фокс, бил уапсен и убиен. Ова е сеќавање на откриениот заговор.
1. Саемот на камили, Пушкар, Индија
Огромниот фестивал е толку шарен и забавен, што обезбедува незаборавно искуство. Се состои од: натпревар со најдолги мустаќи, танчери, шармери на змии, магионичари, музичари и, се разбира, камили. Учесниците тргуваат со камили, коњи, крави, кози, овци и други животни, додека туристите можат да уживаат во овој настан.