Топ 10 интернет земји

Повеќе... Интернетот кој најбрзо се развива од се’ во светот, а кој воедно го промена нашиот секојдневен живот и начинот на размислување, е најважното нешто во денешниот модерен свет. Ни овозможува лесен и брз пристап до информациите, а поради масовното ширење на онлајн услугите, туристичките агенции се’ повеќе работата ја водат преку интернет.


Сајтот http://www.tourism-review.com/ составил листа од десет земји со најмногу интернет корисници, а ние ви ја пренесуваме вас:

kina.jpg1. Кина – 253 000 000 интернет корисници, 19% на мрежа од кои 17,3% ја користат при избор на туристичка дестинација. Кина е на првото место како најнаселена земја во светот, па нормално е да е водечка и по бројот на корисници на услугите на туристичките агенции. Оваа година Кина добила 253 милиони интернет корисници, а се претпоставува дека до 2010 година бројката ќе се искачи на 375 милиони. Сепак, само 19% од населението е поврзано на мрежата, што споредено со САД е многу мало. Во поглед на туристичкиот пазар интернетот е доста популарен, скоро 70% Кинези интернет корисници разгледуваат туристички дестинации онлајн, па така и на туристичките агенции повеќе им се исплатува нивните реклами да ги преведуваат на кинески.

usa.jpg2. САД – 220 141 969 интернет корисници, 15% користат интернет при избор на место за одмор, а 72% се во мрежата.Иако оваа земја заостанува во статистиката зад Кина, имаат убедливо поголем просек на корисници. Дури 72% од Американците има интернет пристап, а 63,4% од нив го користат барем еднаш месечно. Една студија покажала дека за прв пат е забележано во оваа земја да има повеќе жени отколку мажи онлајн. Истовремено 48% од американските туристи го користат интернетот при изборот за дестинација, туристичка агенција и хотел.

japan.jpg3.Јапонија – 94 000 000 интернет корисници, 6,4% го користат при избор на туристичко место, а 74% се поврзани на мрежата.Голем е јазот од третата и втората позициа – во САД има дупло повеќе корисници отколку во Јапонија. Сепак треба да се има предвид дека САД има и дупло повеќе жители. Во Јапонија е забележан значителен пораст на бројот на интернет корисници – 94 милиони Јапонци сурфаат на интернет, што е точно 100% повеќе во однос на 2000 година.

indija.jpg4. Индија – 60 000 000 корисници, 4,1% кои користат услуги на туристичките агенции, а поврзани на мрежата се 6%.Во оваа земја интернет пристап имаат скоро 6% од населението, од кои поголемиот дел се во урбаните средини. Се претпоставува дека интернет идустријата брзо ќе се прошири и на ова тло, посебно користењето на онлајн услугите затоа што оваа земја последните години доста многу инвестираше во својот туризамот.

germanija.jpg5. Германија – 52 533 914 корисници или 64% од населението, од кои 3,6% користат онлајн услуги на туристичките агенции.Оваа е втора земја во Европа по број на жители веднаш по Русија, а и втора по големината на онлајн туристичкиот пазар, со нешто повеќе од 19%. Германија и Велика Британија која учествува со 30% и е на првото место во оваа категорија, го поседува пола од целиот европски туристички бизнис вреден 49,4 милијарди евра.

brazil.jpg6. Бразил – 50 000 000 корисници односно 26%, од кои 3,4% корисници на онлајн услугите на туристичките агенции.Што се однесува на интернет пристапот оваа земја е меѓу земјите кои најбрзо се развиле на ова поле. Во Бразил има околу 50 милиони корисници на мрежата, што е повеќе од Мексико, а со која имаат отприлика ист број на жители. Од 2000 година бројот на Бразилци поврзани на мрежата пораснал за неверојатни 900%. Поголемиот број го користат интернетот на работа, додека бројот на домашни корисници е сеуште на ниско ниво.

uk.jpg7. Велика Британија – само 2,9% користат услуги на туристичките агенции од вкупно 67% интернет корисници или поточно 41 817 847 Британци.Статистиките говорат дека регистрирани интернет корисници во 2008 година се 16,5 милиони Бритњанци, па не е изненадувачки фактот што Велика Британија е и најголем туристички онлајн пазар. Британците се и финансиски спремни за да можат да си дозволат патувања по светот, па нормално е да сакаат претходно да се информираат колку е можно повеќе, како и да резервираат карта и соба во хотел, а тоа најчесто го прават од дома. Дури 87% изјавиле дека нареднаата дестинација за одмор ќе ја стражуваат преку интернет.

francija.jpg8. Франција – Нешто повеќе од пола од населението се во мрежата или 36 153 327 жители, а само 2,5% ги користат услугите на туристичките агенции.Иако има повеќе жители од Велиа Британија земјава има помалку сурфери од својот сосед. Но тоа не го спречува францускиот онлајн туристички пазар да расти – бројот на Французи кои го користат интернетот за избор на потенцијална туристичка дестинација пораснал за 24% во првите четири месеци оваа година.

juzna-koreja.jpg9. Јужна Кореа – 71% сурфери, 2,4% користат интернет при избор на туристичка дестинација.Традиционално Јужна Кореја спаѓа меѓу земјите со најразвиена технологија во светот, па секако дека и интернет пристапот и користењето на мрежата се на завидно ниво.

italija.jpg10. Италија – 34 708 144 корисници или 58% од населението, од кои 2,4% користат интернет за истражување на онлајн услугите на туристичките агенции. Околу 52% од Италијанците кои имаат интернет пристап го користат истиот за да ги разгледуваат туристичките понуди барем еднаш месечно, а купувањето преку интернет станало најнормална работа со 41% од 34 708 144 сурфери.

- Реклама -