На 16. март од 22 часот Аfro Gitano со Тони Китановски и Гоце САФ!
Придружете ни се и оваа сабота на петтиот настан од „Светско на наше – World music Saturday” во Јавна Соба!
Проектот Аfro Gitano е соработка помеѓу Тони Китановски и Крик Малу Малу од Киншаса, Конго. Afro Gitano на композиторско ниво е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка. Оваа оригинална музика е снимена на три континенти во пет земји – Конго, Канада, Франција, Австрија и Македонија.
Отворениот концепт овозможува истражувања со други музички стилови, како во случајот со диџеј Гоце и хип хоп жанрот.
Билетите може да се набават на следниот линк:
www.drugastrana.mk/event/svetskoanase-afro-gitano/