Кејти Холмс стравувала дека Том Круз ќе ја испрати нивната ќерка Сури на бродот Freewinds, наменет само за најпосветените Скиентолози. Немајќи друг начин да го спречи, таа поднела барање за развод.
Членовите на „Морската организација“, стационирана на бродот Freewinds и најчесто во меѓународни води, даваат „завет на милијарда години“, на тој начин искажувајќи ја својата вечна посветеност на црквата на Скиентологијата. Многумина поранешни Скиентолози ги споредуваат условите на бродот со воен камп, а познато е дека целиот екипаж е составен од членови на оваа религија.
Расправиите помеѓу Том Круз и неговата трета сопруга, Кејти Холмс, започнале кога тој најавил дека ќе ја испрати шест годишната Сури на бродот, т.е. дека ќе започне да ја воведува во тајниот свет на Скиентологија. Кејти Холмс остро се спротиставила на ваквата одлука, а кога веќе немала друг начин да го спречи сопругот во она што го имал намерено, таа поднела барање за развод и на суд ќе бара полно старателство над Сури. [Afraid Tom Would Ship SuriTo Radical Scientology Org]