На крајот на месецот во Токио, Toyota ќе претстави нова концептна изведба, мал спортски модел S-FR, како и несекојдневна креација KIKAI, кои ќе бидат хит на штандот на компанијата за време на изложбата во главниот град на Јапонија.
Основната идеја на студијата е да понуди визија за мал спортски автомобил со преден мотор и заден пренос – класичен рецепт за многу задоволство зад управувачот, она што ги краси многу спајдер или родстер верзии.
За жал, Јапонците засега не даваат потврда дека концептот ќе достигне до сериско производство, но сепак се прават шпекулации дека вакво нешто му недостасува на брендот.
Се претпоставува дека автомобилот ќе се појави во 2018 година со 1.5-литарски мотор со 130 КЅ и ќе биде позициониран под сегашниот GT-86.
Втората новина е исклучително интересен концептен автомобил, кој го носи името KIKAI. Прилично е тешко да се опише што точно претставува возилото, но се забележува steampunk влијание при нејзиното основање. Јапонците направиле микс од делови од хот-род и кабриолет, а резултатот е навистина импресивен.
Во внатрешноста чувството не се менува особено – таму наоѓаме минималистички изглед со три седишта, а возачот е напред во средината. Намерно оставени на екранот се доста елементи од механиката на возилото.
Се разбира, никој не очекува дека Toyota ќе започне сериско производство на таков автомобил.