Набрзо по излегувањето од затвор, Крис Браун го оставила девојката Каручи Трен, која не можела да се справи со неговиот див начин на живот.
Сепак, според американските медиуми, тоа не го потресло премногу лошото R’N’B момче, кој си сите сили се обидува да се помири со, очигледно не преболената, поранешна девојка Ријана.
Браун, кој во 2009 година беше прво осуден на условна затворска казна поради претепување на убавицата од Барбадос, со кој тогаш беше во врска, страда за деновите на „среќна љубов“ со Ријана.
По неговото ослободување од затвор поради тепачка во ноќен клуб во Вашингтон, со кое ја прекршил горенаведената усповна казна, се обидува да ја врати со што ѝ праќа љубовни пораки.
Крис (25) е забележан на настап на Ријана и Еминем, кои забавувале преку 90 илјади луѓе во Лос Анџелес во текот на викендот.
– Крис отишол зад сцената за да биде поблиску до Ријана. На сите начини се обидувал да ѝ покаже дека сака да се смират- изјавил неименуван извор за Daily Mail.
Се чини дека Ријана и Крис не можат еден без друг, што најдобро го покажала и пејачката кога дошла, покрај се, да му даде поддршка на судењето.
Дали ќе му го прости тепањето и ќе се смири со него, останува да видиме.