Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам минатиот викенд го прослави својот 40-тти роденден во Мароко, а потоа одлучи да отвори и својо Инстаграм профил.
Од тогаш објави само неколку фотографии, а секоја во рекордно време доби многу многу „лајкови“.
Интересно е што славниот Бекам за само седум дена успеа да добие над 5,6 милиони следбеници иако вкупно има само 20 фотографии.
Очигледно знае да ги избере вистинските фотоградии со кои ќе ги израдува своите обожаватели.
Ако судиме според коментарите, неговите обожаватели се воодушевени што Дејвид одлучил со нив да сподели некои среќни моменти од својот живот.