И тоа го дочекавме: Ќе се снима реалити емисија за Станија и Сораја?

Камерите ќе ги следат згодните девојки 24 часа, а тие ќе се обидат да ја добијат довербата и гледаноста на публиката.
Српските медиуми неофицијално дознаваат дека српските старлети Сораја Вучелиќ и Станија Добројевиќ добиле понуда од телевизијата „Пинк“, по примерот на Ким Кардашиан, да снимат своја реалити емисија.

Познато е дека Ким се прослави толму со реалити емисијата и порно-снимката, така и српските сески девојки ќе бидат изложени пред камерите 24 часа на ден.

Дека секоја нивна фотка ги „запалува“ социјалните мрежи, понудата да го покажат и својот најинтимен живот на јавноста е и повеќе од примамлива. Станија и Сораја ќе бидат во иста емисија со ист концепт, и ќе се натпреваруваат за вниманието на публиката.

Иако од сопствено реално шоу ќе добијат огромни пари, старлетите сепак се премислуваат за понудата.

– Сораја не е сигурна дали треба да ја прифати понудата или не. Условите се добри, но јасно ѝ е дека тој процес ќе биде мач со две острици. Познато е дека Ким се прослави со реалити шоуто, но не живееме во Америка, туку во Србија, каде секој потег се дочекува на нож- вели за Телеграф извор близок на старлетата.

Познато е дека меѓу српските старлети владее непријателство, бидејќи Станија неодамна ја предизвика Сораја, и нивниот меѓусебен дуел ќе биде на телевизија и ќе биде повеќе од интересен.

- Реклама -