„Титаник во 3D“ само со една промена (видео)

ТитаникРетко кој би можел да се пофали со вниманието кое Џејмс Камерон го посветува на ситни детали. Но еден човек кој успеал да најде грешка во деталите на Џејмс Камерон е астрофизичарот Нил деГрас Тајсон.

Режисерот на „Аватар“ очигледно направил само една промена за повторното издавање на тричасовната драма „Титаник“ – небото. Тој го направил ова по упорното лобирање на астрофизичарот. Тајсон забележал дека во важна сцена во филмот левата половина од небото е копија на десната половина. Тајсон спомнал за време на панел во 2009 година: „Таа (Роуз) гледа во ѕвездите. Има само едно небо кое таа би можела да го види… ама ова е погрешното небо! Уште полошо, не само што е грешното небо туку левата половина беше копија на десната! Не само што беше грешното небо туку беше мрзливо. И си мислам ,Ова е погрешно.’“

{youtube}8B6jSfRuptY{/youtube}

Бидејќи Камерон вложил многу труд за да ни ги пренесе сите детали на бродот и на таа ноќ Тајсон мисли дека неговото жалење за небото било оправдано, дури и ако единствените луѓе кои би забележале се астрономи. Џејмс Камерон потврдил за Discovery: „Нил деГрас Тајсон ми испрати порака во која ми објасни дека, во тоа време од годината на таа положба во Атлантскиот Океан во 1912 година, кога Роуз плови по потонувањето и гледа во ѕвездите таа гледа во погрешни ѕвезди.“

Тој додал: „И поради мојата репутација како перфекционист јас би требало да го знам тоа и би требало ѕвездите да бидат точни. Па реков, ,Добро, ти (Нил деГрас Тајсон) испрати ми ги точните ѕвезди за 04:20 на 15 април 1913 и јас ќе ги ставам во филмот.’ Значи тоа ќе биде единствената сцена која ќе биде изменета.“ Премиерата на 3D верзијата на филмот со точните ѕвезди е оваа недела. [‘Titanic’ re-released: James Cameron made just one change]

- Реклама -