Ако си гејмер и те здоболува кога другите играчи ќе ти речат „noob“, ич не го дочитувај постов. Ако нивото на толеранција сепак ти е нешто повисоко, може и ќе поминеш без депресија.
Зошто? Зошто дечково нема раце. Игра со специјализирана направа која му дозволува да го контролира играчот со јазикот. И пак успева да тепа во PlayerUnknown’s Battlegrounds (ака. PUBG).
За тие што не се запознаени со играта, концептот е ваков: Се работи за шутер во трето лице во кој се натпреварувате против 99 други луѓе. 100 играчи слетуваат со падобрани на релативно простран остров, практично со голи раце, и попат наоѓаат оружја, панцир, гранати, завои и слично. Победник е само еден – последниот што ќе остане жив. Во меѓувреме, вештачка бариера го смалува кругот и ве приморува на контакт со другите до заби наоружани играчи. Ако звучи тешко, во пракса е уште потешко. Ако ви звучи лесно, повелете па пробајте се… под услов да не ви смета дечково без раце да ве подбере, како што прави на видеово.