Тинејџер од Тајван колабирал и умрел во интернет кафе играјќи Diablo 3. Смртта настанала по играње 40 часа последователно.
Осумнаесет годишникот од Тајнан, јужен Тајван, кој бил идентификуван само со презимето, Чуанг, резервирал приватна соба околу пладне на 13 јули и следните 40 часа ги поминал играјќи, без оброк или одмор.
Утрото на 15 јули еден од вработените влегол во собата и го нашол Чуанг наведнат над масата. Откако бил разбуден Чуанг станал, направил неколку чекори по што колабирал. Тој бил прогласен за мртов набрзо по пристигнувањето во болницата.
Полицијата ја истражува причината за смрт и била извршена аутопсија. Тие шпекулирале дека времето поминато во седење создало кардиоваскуларни проблеми кај Чуанг. Тој го играл најновото издание на играта на Blizzard Inc. Ова е втора смрт предизвикана од играње видео игри во Тајван оваа година.
Во февруари човек во Нов Тајпеј бил пронајден мртов седејќи пред компјутер со неговите раце сè уште на тастатурата откако поминал 23 часа играјќи без пауза. Причината за смрт била срцев удар.