Што сонуваат тинејџерите? Од деца од улица до членови на семејството, од обични портрети до одрази во вода, зачекоривме зад објективите на пет млади луѓе кои го регистрираат светот околу нив.
David Uzochukwu, 16
„Од Австрија сум, и живеам во Брисел. Со фотографија почнав да се занимавам кога имав десет години, за време на семејниот одмор. Во фотографијата има интимност, нешто како да гледаш преку очите на уметникот. Таа открива нешто реално и опипливо, па дури и ако моето дело понекогаш е многу апстрактна, тој меѓупростор е прекрасен, си игра со вашите емоции“.
Gonçalo Alexandre, 17
„Кога имав 13 години го купив евтиниот „идиот“ и почнав да ги фоткам пријателите и семејството во Португалија. Открив еден нов инспиративен свет, и тогаш почнав фотографијата да ја доживувам посериозно. Фотографијата за мене стана медиум за само-откривање. Мислам дека мојата генерација често пати не се сфаќа сериозно т.е. се сфаќа погрешно. Многу е тешко да се биде млад човек за време на финансиската криза. Па си реков „Можат да не замолчат, но не можат да не сокријат“. Почнав да ги фоткам португалските тинејџери речиси секој ден, така што секој може да види колку сме силни.“
@goncaloalexandr
Eden Bø Dower, 18
„Гледам многу работи што ми се допаѓаат и ме инспирираат, мислам дека фотографијата е најефикасен начин да ги документирам, без разлика дали се работи за луѓето, за модата или архитектурата. Почнав да фотографирам на возраст од 12 години кога за Божиќ добив апарат, и од тогаш не престанав. Сакам да ја документирам културата на младите кои денес растат во Британија, често ги сликам своите пријатели. Има многу интересни работи во сликањето на младите луѓе што се обидуваат да се најдат себе си.“
Tom Emmerson, 15
„Почнав да сликам интензивно кога го добив мојот прв смартфон, пред две години, но, со фотографија, во вистинска смисла на зборот, почнав да се занимавам во мај оваа година. Секогаш ме фасцинирала идејата дека може да се замрзне еден момент во времето. Модата честопати ги чини моите дела, но уличниот стил може да биде и многу досаден, сите се носат исто.“
Isabella Newman, 16
“Фотографиите се сон и грч едновремено. Се врзувам за движењата што светкаат со чистота од емоции, и чувствувам внатрешна потреба да ги задржам. Оваа врска фотографијата ја прави бесмртна. И тогаш, кога се чувствувате осамени, сè уште ги имате вашите фотографии, бидејќи тие се вашите стари пријатели.“
@bella_newman
Извор: ВАЈС