Џастин Тимберлејк триумфираше на MTV наградите

Синоќа во Бруклин се одржа 30. по ред доделување на MTV Video Music Awards.

Џастин Тимберлејк триумфираше со четири признанија, вклучувајќи ја и главната награда за спот на годината за „Mirrors“.

article-2402025-1B76B028000005DC-527_634x847

„Овој спот е посветен на моите баба и дедо. Дедо ми почина во декември, но се надевам дека баба ми сега ме гледа. Ова е за тебе“, рече Тимберлејк, додавајќи дека му е особено драго што гледачите го избрале неговиот спот затоа што во прашање е лична приказна.

Justin Timberlake

Пред да му биде врачена специјалната награда, Тимберлејк, кого го најави Џими Фелон како „претседател на попот“, изведе 15-минутен перформанс од компилација на неговите хитови. Како што се шушкаше, за оваа прилика се собра групата ‘N Sync која ги изведе песните „Girlfriend” и „Bye Bye Bye“.

article-2402025-1B76AF19000005DC-466_634x553

Освен Џастин, ѕвезди на вечерта беа и Маклмор и Рајан Луис кои освоија три награди вклучувајќи ја и онаа за спот со најдобра порака за „Same Love“.

[youtube]http://youtu.be/7V1y_z1h0vY[/youtube]

Наградата за најдобар женски спот ја доби Тејлор Свифт за „I Knew You Were Trouble“. Бруно Марс ја освои наградата за најдобар машки спот „Locked Out of Heaven“.

На доделувањето на наградите Лејди Гага го направи нејзиниот „кам бек“ со настап кој не понуди нешто особено ново.

1

 

Ова е целосната листа на наградени:

Спот на годината: Justin Timberlake, Mirrors
Најдобро женско видео: Taylor Swift, I Knew You Were Trouble.
Најдобро машко видео: Bruno Mars, Locked Out of Heaven
Најдобар поп спот: Selena Gomez, Come & Get It
Најдобро хип-хоп видео: Macklemore & Ryan Lewis featuring Ray Dalton, Can’t Hold Us
Најдобро рок видео: Thirty Seconds to Mars, Up In the Air
Најдбора соработка: Pink and Nate Ruess of Fun., Just Give Me a Reason
Најдобро видео со порака: Macklemore & Ryan Lewis featuring Mary Lambert, Same Love
Најдобра песна на летото: One Direction, Best Song Ever
Најдобар артист: Austin Mahone, What About Love
Мајкл Џексон награда: Justin Timberlake
Најдобра режија: Justin Timberlake’s Suit & Tie (director David Fincher)
Најдобри визуелни ефекти: Capital Cities, Safe and Sound
Најдобра кореографија: Bruno Mars, Treasure
Најдобра уметничка режија: Janelle Monae featuring Erykah Badu, Q.U.E.E.N.
Најдобра кинематографија: Macklemore & Ryan Lewis featuring Ray Dalton, Can’t Hold Us
Најдобра монтажа: Justin Timberlake, Mirrors

- Реклама -