Превкусно јадење од тиквички

Се подготвува лесно и брзо, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

две поголеми тиквички

еден поголем модар патлиџан

еден поголем домат

шолја презла

шолја овесно брашно

оригано, босилек, сол и бибер

2 јајца

2 дл. павлака за готвење

6 лажици маслиново масло

Подготовка:

Подмачкајте ја тепсијата со маслиново масло.

Помешајте ги овесното брашно и презлата, па нанесете ги по малку на дното.

Наредете една тиквичка. Попрскајте ја со две лажици маслиново масло. Повторно наредете дел од мешавината од брашно и презла, а потоа зачинете. На крајот, изрендајте го модриот патлиџан, попрскајте со масло, па посолете како и претходниот слој. Повторно ред изрендана тиквичка, попрскајте со маслиново масло, па ставете малку од сувите состојки. Одозгора исечете еден поголем домат.

Изматете 2 јајца со 2 дл. павлака за готвење, прелејте одозгора и запечете на 200 степени, околу 20 минути. Служете со кисело млеко или салата од домат.

- Реклама -