Махерот на колото, месецот, годината, деценијата и векот со уплатени 910 денари ќе има исплата на шалтерите во Моцарт од 560.000 евра. Збогум сиромаштијо.
Покрај добивката тука има уште два врвни моменти: Погодил 7 тикети, а ги уплатил пред речиси еден месец.
Не постои навивач на Севиља кој синоќа трепереше повеќе од прилепчанецот, бидејќи мечот од ЛШ против Манчестер Јунајтед му беше последен на тикетите. Домаќините имаа 26 удари од кои 10 во рамки на гол, но не успеаа да го совладаат голманот на Јунајтед, а нa тоа најмногу се израдува Македонецот кој ја чекаше двознак X2.
Царот ги уплатил тикетите на 23-ти и 24-ти јануари, кружел од ден на ден по некоја и чекал сè до вчера кога му се играа последните два меча од ЛШ. За Шахтјор – Рома не се тресел многу бидејќи ја имал 2-5 гола, а таа заврши 2:1.
На шест тикети има максимална добивка од 5 милиони денари (81.000 евра), а на еден тикет има 4,6 милиони или 75.000 евра.
Околу начинот на игра, тука нема ништо за чудење со исклучот на еден пар, тоа е оној од 7+ и тоа во германска четврта лига. Во игра му биле вкупно 23 натпревари од кои повеќето ги повторил на сите седум тикети.
За да ви биде полесно во оваа џек пот приказна, одиме вака:
На сите седум тикети ги пишал овие 15 натпревари:
1. Баерн – Бешикташ, 4+, коефициент 2,50
2. Базел – Манчестер Сити, 3+, (1,55)
3. Севиља – Манчестер Јунајтед, X2, (1,42)
4. Шахтјор – Рома, 2-5 гола, (1,38)
5. Порто – Ливерпул, 3+, (1,75)
6. Наполи – Лајпциг, UG 3+, (1,60)
7. Реал Мадрид – ПСЖ, GG4+, (2,25)
8. Ренџерс – Абердин, 1X&2+, (1,58)
9. Алавес – Валенсија, 2-5 гола, (1,32)
10. Монако – Лион, 3+, (1,45)
11. Спортинг – Порти, X2, (1,29)
12. Мелбурн Сити – Џетс, 1X&2+, (1,55)
13. Питерборо – Лестер, 2+, (1,20)
14. ПСЖ – Монпеље, 1&3+, (1,50)
15. Марсеј – Монако, 1X&2+, (1,47)
На шест тикети го имал овој пар:
16. Ливерпул – ВБА, тим 1 2+, (1,35)
На пет тикети овие два пара:
17. Бабелзберг – Бранденбургер, 7+, (22)
18. Перез Зеледон – Картахина, тим 1 2+, (1,77)
На три тикети:
19. Баер Леверкузен – Мајнц, 2+, (1,17)
20. Лајпциг – Хамбург, 2+, (1,23)
И на по два тикети:
21. Кил – Унион Берлин, 3-6 гола, (1,68)
22. Севиља – Атлетико Мадрид, 2-5 гола, (1,27)
23. Варегем – Стандард, 3-6 гола, (1,97)
На влезот во Прилеп треба да пишува „Добро дојдовте во градот каде живее богот на кладењето“, а ние после ова треба да ја затвориме нашата рубрика.
Ова се сите 7 махерски тикети кои ќе му го променат животот на Прилепчанецот:
офф.нет.мк