„Победа“ е насловот на песната со која ќе не претставува нашата претставничка Тијана Дапчевиќ на 59-тото издание на Евровија, која ќе се одржи од 6. до 10. мај во Данска.Таа во изјава за весникот „Вечер” открила дека насловот на песната е „Победа” и дека сака Евровизија следната година да ја донесе во Скопје.
Таа додава дека се работи за брза и динамична песна, која ќе биде изведена на македонски јазик.