Maкедонската пејачката Тијана Дапчевиќ која живее и работи во Србија открива дека кога станува збор за гардеробата, најголема мака и претставува да си најде соодветни фармерки.
Тијана е висока е 183 сантиметри, а сака фармерки со висока половина, но со оглед на нејзината висина не и е едноставно да дојде до такви.
„Да бидам искрена најтешко од се ми е да пронајдам фармерки бидејќи сакам од оние со висок струк што ги покриваат бубрезите, да не кажам „бабешки“.
Таа додава дека за среќа успеала да си најде такви неодамна, а најважно од се и е да се чувствува пријатно во облеката што ја носи.