Тијана по 15 години засвири на виолончело: Proud е кога сестра ти на 6 години ќе ти каже дека ќе пее на Евровизија

„Тијана зошто толку многу пишуваш за сестра ти?“
„Каква Северна Македонија??“
„Не пишувај така, подобро остани во Србија!“
„Зашто не се вратиш во таа твоја Македонија, штом толку многу ја сакаш?“
„Дијаспората нè предаде“…

… Се само дел од коментарите кои Тијана ги добива од српските и македонските фанови, но и „хејтери“, а ги наведе во својот емотивен пост на Инстаграм.

На сите нив, Тијана им порача:

„Е сега јас нешто ќе ве прашам: Ја слушнавте ли вие песната? А? Дали навистина ја слушнавте или онака, ја претрчавте? Или веќе не умеете да сослушате, н себе, ни некој друг?“.

Потоа, преку паролата „PROUD“, алудирајќи на песната на Тамара со која таа го постигна досегашниот најголем евровизиски успех на земјава, Тијана се обиде да одговори на ваквите прашања:

„PROUD е она кога сестра ти на 6 години гледа Евровизија и вика ‘И јас ќе пеам тука’, иако во моментот појма нема ни која е таа самата, а не па што е Евровизија.

PROUD е кога со месеци сите сме како на игли додека се бира песната, фустанот, настапот и додека сите ги исфилтрираат добрите намери од лошите идеи, за да на крајот се добие настап од кој и времето застанува.

PROUD е кога таа доаѓа на сцената, а јас се чувствувам како наеднаш сè да дошло. И дека никој претходно не бил тука.

PROUD е кога камерата покажува крупен кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да сум загрижена, иако до пред три секунди не можев да дишам од трема.

PROUD е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, во облик на телефонски повици, пораки, солзи, смеа и навивања.

PROUD е кога знаеш дека секогаш имаш на кого да се потпреш.

PROUD е кога после 15 години го земам виолончелото повторно во раце и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш, на свој начин, да покажам дека сум горда на себе, Тамара, сиот свој народ (кој се протега и многу подалеку од розевите линии во атласот) и сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа“.

А овие, дигиталните (не)луѓе, нека пронајдат барем едно нешто на кое ќе бидат горди, и одеднаш сè ќе добие поубава смисла, порача Дапчевиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

„Tijana, zašto toliko pišeš o sestri?“ | „Kakva Severna Makedonija??? Ne piši tako, bolje ostani u Srbiji!“ | „Zašto se ne vratiš u tu Makedoniju ako je već toliko voliš?“ | “Dijaspora nas je izdala!“ E, sad da ja vas nešto pitam: Jeste li čuli vi pesmu? m? Jeste stvarno slušali ili ste samo onako pretrčali? Ili ni ne umete više da saslušate, ni sebe, ni nekog drugog. A sad da dgovorim na vaša pitanja: PROUD je ono kad tvoja sestra sa 6 godina gleda Evroviziju i kaže „I ja ću pevati tu!“, iako pojma nema ni ko je ona u tom trenutku, a ne šta je Evrovizija. PROUD je kad smo mesecima svi kao na iglama dok se bira pesma, haljina, nastup i dok svi isfiltriraju dobre namere od loših ideja, da bi se na kraju dobio nastup uz koji vreme stane. PROUD je kad ona dođe na scenu, a ja imam utisak da je sve došlo. I da niko pre nije ni bio tu. PROUD je kad kamera pokaže pun kadar na početku pesme i kad je gledam pravo u oči i vidim da je to to, da nema potrebe da brinem, iako do pre tri sekunde nisam mogla da dišem od treme. PROUD je kad posle nastupa počnu da stižu ovacije sa svih strana, u obliku poziva, poruka, suza, smeha, navijanja. PROUD je kad znaš da uvek imaš na koga da se osloniš. PROUD je kad, nakon 15 godina, uzmem violončelo ponovo u ruke i apsolutno me ne interesuje da li se provukao neki falš, jer hoću još jednom (na svoj način) da pokažem da sam ponosna na sebe, Tamaru, sav svoj narod (a on je na mestima mnogo širim od roze linija u atlasu) i sve one koji ne odustaju od sebe i svojih snova. A ovi, digitalni (ne)ljudi, neka pronađu bar jednu stvar na koju će biti ponosni i sve će odmah dobiti lepši smisao.

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

ps. Повелете и настапот на Тамара, и онака и ние и вие знаеме дека по којзнае кој пат ќе го пуштевте сега кога Тијана пак ве/нè разнежни.

- Реклама -