Секојдневно се пишува за Даниел Кајмакоски кој настапи во последната епизода од аудициите на музичкото шоу „Икс Фактор“. Неговиот настап има околу 330 илјади прегледи на Youtube, а неговата изведа им се допадна и на музичарите од целиот регион кои упатија прекрасни критики за неговиот глас, стас и харизма.
Ни македонската овогодишна претставничка на Евровизија, не остана без коментар:
– Браво бе дечко алал нека ти е! Прекрасен си! Ти си за мене победник! Напред Макеоднија! – гласи коменатарот на Тијана на Твитер.