Јелена и Новак Ѓоковиќ во Монте Карло за сосетка ја имаат поранешната снаа на Осама бин Ладен.
Кармен бин Ладен, побегнала од Саудиска Арабија во 1988 година и од најстариот брат на Осама, Џеслам се развела шест години подоцна, со ќерките живее на релација Швајцарија – Монако.
Ѓоковиќ, баш како и Лепа Брена, која има стан во нивната зграда, не ни насетувале дека покрај нив ќе живее жена што го носи презимето на најозлогласеното семејство на светот.
Не сум фасцинирана од светскиот џет-сет. Во Монте Карло одам да се одморам и навистина не водам сметка околу тоа кој има таму. Нормално е познати личности да ти се соседи, но јас ја почитувам нивната приватност и не зјапам во нив, изјави Лепа Брена кога слушна дека е сосетка на Кармен, снаата на Осама.
Поранешната снаа на Осама не сакала да се откаже од презимето, разговарала со ќерките и одлучиле да го задржат.