Наскоро, на граѓаните кои доаѓаат од другите градови, Скопје ќе им овозможи да ги паркираат автомобилите на паркинзи на влезот од градот.
Како што истакнува градоначалникот Петре Шилегов, тоа во никој случај не значи дека ќе биде забрането да се влегува со автомобил во главниот град, демантирајќи ги претходните шпекулации за таква официјална забрана.
Во Скопје дневно влегуваат и по 40.000 автомобили, истакнува Шилегов, а проектот – наречен „Park and Ride“, има за цел да им понуди сосема доброволна опција на тие кои доаѓаат од другите градови да можат да ги остават автомобилите на влезот на Скопје и потоа да користат јавен транспорт, по примерот на сите големи европски градови.
Секако дека мерката е за поздравување, но колкав ќе биде ефектот? Околу „импактот“ на доброволните мерки зборувавме и во примерот со Сеул. Можете да прочитате ТУКА.