Еден хит сингл може да направи светски пробив и да го промени целосно статусот на изведувачот. Успешната песна може да ја извади целата негова кариера и да ја насочи масовната публика кон останатото творештво – што инаку би било забележано само од кругот на заколнатите фанови.
Дури и некои од најголемите музичари во историјата се познати со не повеќе од една-две песни, а други целосно и ја должат долгогодишната слава на еден хит што ги пробил.
И на едните и на другите им се наметнува да ја пеат најпопуларната песна постојано и да прифатат да бидат поврзувани претежно со неа.
Логично, повеќето од нив ја мразат песната, ја мразат дотолку што веќе не можат да кријат. Понекогаш признаваат дека никогаш не им се допаднала, друг пат развиваат омраза кон парчето повеќе поради начинот на кој слушателите им го толкуваат.
Постојат и доволно примери во кои музичарот едноставно престанува да го исполнува својот голем хит на концерти и става акцент на креативноста по него.
Еве дел од најголемите изведувачи во историјата, кои од една или друга причина интерпретираат отворена омраза кон незаборавниот хит.
Шинед О’Конор – Nothing Compares 2 U
Ирската пејачка е прва на листата, бидејќи е еден од неодамнешните примери за изведувач кој престанал да го исполнува својот голем хит во живо. Минатата година таа објави дека повеќе не сака да ја пее Nothing Compares 2 U, бидејќи веќе не се чувствува емоционално поврзана со песната. Баладата напишана од Принс ја направи О’Конор светска ѕвезда во 1990 година.
Radiohead – Creep
Песната со која Radiohead го оствари својот голем пробив, е класифицирана како “ѓубре” од фронтменот Том Јорк и тој ја отстрани од концертите на бендот уште во крајот на 90-тите. Оттогаш Creep е изведена во живо во екстремно ретки случаи. Дури на еден концерт во Монтреал, Јорк му одговори со вулгарности на фан, кој побарал од групата да ја исполни Creep. Гитаристот Џони Гријнвуд исто признал дека не му се допаѓа песната и уште при нејзиното снимање се обидел да ја саботира со тоа што удирал по гитарата “силно, многу силно “.
Oasis – Wonderwall
“Јa мразам Wonderwall”, искоментира вокалистот на Oasis, Лиам Галагер за најпознатиот хит на музичката лулка од 90-тите. При претставувањето на последниот (засега) албум на Oasis, Dig Out Your Soul во 2008 година Галагер објасни дека во него барем нема песни од типот на Wonderwall.
“Не можам да ја поднесам оваа проклета песна! Секој пат кога треба да ја пеам ми се гади”. Тој признава дека проблемот е премногу големата популарност на песната. “Одиш во Америка и таму прашуваат ‘Ти ли си мистер Wonderwall?’ Ти доаѓа да удриш некого “.
Beastie Boys – (You Gotta) Fight for Your Right (to Party)
Бруклинските рапери велат дека го изгубиле чувството за иронија на песната. Премногу фанови ги сфаќаат буквално апсолутниот хит и видеото.
Led Zeppelin – Stairway to Heaven
“Проколната свадбена песна”, така ја нарече Stairway to Heaven големиот Роберт Плант. Дури се зборува дека омразата кон вечната балада дополнително ја зајакнува неподготвеноста повторно да се собере со Џими Пејџ и Џон Пол Џонс. “Ќе умрам, ако треба да ја пеам оваа песна на секој концерт”, рече Плант уште во 1988 година, 18 години по пишувањето на песната. Кога во 2007-а Led Zeppelin се собраа за единечен концерт во Лондон, Плант барал Stairway to Heaven да не биде отсвирена за големото финале.
Мадона – Like A Virgin
“Не сум сигурна дека би ги испеала Holiday или Like A Virgin повторно. Едноставно не можам, ако некој не ми плати 30 милиони или нешто”, рече Мадона пред неколку години, а подоцна призна дека се иритира дури само ако го слушне насловот на Like A Virgin.
Nirvana – Smells Like Teen Spirit
Во случајот фронтменот Курт Кобејн ја мразел не толку самата песна колку нејзината неверојатна популарност. Тој признава дека уште при компонирањето на песната ги имитирал Pixies и ја нарекол песната “клиширана”, а кога бендот за првпат ја отсвирел песната на Кобејн, басистот Крис ја сметал за смешна. Откако Smells Like Teen Spirit и нејзиното видео прават бум по MTV, Кобејн почнува да ја свири во живо со доза на пародија . На доста од подоцнежните концерти Nirvana воопшто не ја ни исполнуваат песната за да ги нервираат луѓето што отишле на концерт само за да го слушнат нивниот најголем хит.
REM – Shiny Happy People
Уште една омилена песна од почетокот на 90-тите, нељубена од човекот кој ја пееше. “Ја разам оваа песна”, објави Мајкл Стајп во 1995 година, а во последните години стана воздржан по тоа прашање. Денес вокалистот тврди само дека за него Shiny Happy People има “ограничено влијание” и дека е единствената песна што целата група едногласно сакала да ја отстрани од компилацијата со најголеми хитови.