Ти си музиката што ја слушаш

Љубители на поп или џез, или можеби сте љубители на класичната музика. Погледнете што издава вашата омилена музика за вашата личност.

Хеви метал

За разлика од македонските стереотипи дека металците се проблематични (кампањи, книги, филмови), детално истражување покажува дека фановите на хеви металот се нежни и креативни. Адријан Норф, доктор по филозофија, спроведува тригодишно истражување, поврзано со музичките параметри со личноста во кое што учествуваат повеќе од 36 илјади луѓе. Резултатите од него покажуваат дека луѓето кои слушаат хеви метал се претежно млади, доста сложени, креативни и многу блиски по карактер до оние кои претпочитаат класична музика.

09 Nov 2015, Rome, Italy --- Rome, Italy. 9th November 2015 -- German heavy metal group Scorpions performs live at Palalottomatica in Rome. -- The German rock band Scorpions, lead by Klaus Meine, performed live on stage at Palalottomatica in Rome as a part of their tour "Return to Forever - 50th Anniversary". --- Image by © Fulvio Dalfelli/Demotix/Corbis

Класична музика

Љубителите на класичната музика се паметни. Комплексна и носталгична е идеалниот опис како за класичната музика, така и за нејзините обожаватели. Според истражувањето на доктор Норф тие се креативни, паметни, интровертни и со високо мислење за себе. Гледаат на слушањето музика како на театарско искуство и како и фановите на Метал музиката сакаат перспективи. Луѓето кои слушаат класика, се претежно постари или оние кои заработуваат добро. Тука се и луѓето кои од мали се занимавале професионално со овој музички правец.

ca. August 1983, Toronto, Ontario, Canada --- The Toronto Symphony performs with a chorus at the Roy Thompson Hall in Toronto, Canada. | Location: Roy Thompson Hall, Toronto, Ontario, Canada. --- Image by © Kelly-Mooney Photography/Corbis

Хип Хоп

Фановите на хип-хоп културата се екстровертни, енергични и ритмички слушатели. Фановите на хип-хоп музиката го сакаат социјалниот аспект на музиката – танцување, пеење и споделување со други наместо затворање на музиката во пар слушалки. Се дефинираат како екстроверти и имаат високо мислење за себе.

Hip hop dancer --- Image by © Artiga Photo/Corbis

Поп музика

Поп музиката е за пријателските типови на луѓе. Во споредба со останатите категории, луѓето кои слушаат поп музика, покажуваат недостаток на креативност и со тенденција постојано да се загрижени за нешто. Сепак тие се пријателски расположени и социјални. Слушателите кои постојано си пуштаат исти парчиња, го прават тоа за да им наметнат некакво влијание на расположението.

24 Oct 2015, Las Vegas, Nevada, USA --- LAS VEGAS, NV - October 24: ***HOUSE COVERAGE*** Becky G at The Joint at Hard Rock Hotel & Casino in Las Vegas, NV on October 24, 2015. Credit: Erik Kabik Photography/ MediaPunch --- Image by © Erik Kabik Photography/ MediaPunch/Mediapunch/Corbis

 

Рок

Рокерите се одмерени, но и малку себични. Класичните рок фанови работат напорно и обично се во хармонија со себе. Тие се најегоцентрични, во споредба со останатите групи. Слично на обожавателите на поп музиката, луѓето кои слушаат рок, ја користат омилената музика, за да го подобрат расположението, бидејќи обично ја поврзуваат со некакво силно емотивно доживување. Фановите во оваа група, сепак може да се разликуваат доста во зависност од типот рок кој го слушаат. Луѓето кои преферираат инди рок, се креативни и отворени кон нови искуства, но имаат ниска работна етика и самопочит. Преференциите кон панк рок пак издаваат енергичност, емоционалност и слаба емпатијата.

Band practicing in garage --- Image by © Greg Hinsdale/Corbis

Џез и блуз

Фановите на џез и блуз правците се категоризирани како големи мислители. Слично на луѓето кои слушаат класична музика слушателите во оваа група се замислени, непристрасни и исклучително креативни. Ја користат музиката повеќе како вежба за умот, отколку за телото. Ако свирите џез на пример, можете да исклучите дел од мозокот за да отклучите дополнителна креативност.

January 1993, New Orleans, Louisiana, USA --- Traditional jazz lovers await a concert at Preservation Hall, a New Orleans establishment dedicated to traditional jazz music. --- Image by © Bob Sacha/Corbis

Кантри 

Љубителите на кантри музиката се вредни. Луѓето од оваа група се скромни, љубезни, работат многу. Помалку се отворени кон други видови музика и уметност. Политичките верувања најчесто им се конзервативни.

10 Sep 2015 --- AUSTIN, TEXAS - SEPTEMBER 10: Brad Paisley performs during the Country Nation College Tour at The University of Texas at Austin in Austin, Texas on September 10, 2015 - Photo Credit: Scott Moore/Retna Ltd. --- Image by © Scott Moore/Retna Ltd/Retna Ltd./Corbis

- Реклама -