Ти биди си принц, ама жена ти пак ќе биде царот

Војвотката Меган Маркл (37) успешно го смири журкаџијата и сега сопруг – принцот Хари (34). Претходно Хари целосно се откажа од алкохол, наводно во знак на солидарност со бремената сопруга, потсетува Sunday Express, а сега забрането му е да пие и чај и кафе, пренесува Daily Mail повикувајќи се на извор од кралската палата. Сега Хари не пие кофеин туку минерална вода, а вежба и јога.

„Со оглед дека беше прилично брутален љубител на пиењето (не е јасно дали се однесува на алкохол или на кафе и чај) уште од млади тинејџерски години, ова е прилично големо достигнување“, вели извор за Sunday Express.

Хмм, чај ли е, друго ли е?

Долгогодишен пријател на Хари тврди дека сега принцот е подосаден на журки. Тврди и дека е посреќен, ама не сме сигурни дали е за верување…

Па ете, почитувани, тоа е сé што треба да знаете за бракот.

За убавите страни (наводно) на трансформацијата на Хари, прочитајте на Дејли Мејл.

 

 

- Реклама -