The xx сними преработка на Last Christmas

Инди поп-бендот The xx сними преработка на популарната божиќна песна од Wham, Last Christmas.

Новата верзија на оваа празнична класика беше снимена вчера за време на емисијата Fearne Cotton на Radio 1. Оригиналната верзија е минимално преработена од членовите на бендот, Оливер Сим, Роми Медли-Крофт и Џејми Смит.

Бендот има закажано повеќе настапи за идната година, а меѓу локациите се вбројуваат Португалија, Берлин, Лондон, како и на фестивалот Eden Session во Лондон. Оливер, Роми и Џејми ќе бидат главни изведувачи на овие концерти, меѓутоа нивните настапи ќе почнуваат околу 13 часот, а ќе завршуваат околу 23 часот.

Како што вели Медли-Скот за NME, овие настапи, всушност, ќе бидат целодневни дружења со музиката на The xx.

{youtube}lSc-9577mZ4{/youtube}

- Реклама -