Британскиот рок бенд The Cure најави дека оваа недела ќе ја објават својата прва песна по 16 години пауза.
Песната ќе биде објавена на 26 септември, а слушателите на британското радио BBC 6 ќе бидат првите кои ќе ја слушнат во 12 часот, според каналот на британската група на платформата X.
Заедно со објавата беше објавен и краток тизер од песната.
Британскиот весник „Гардијан“ наведе дека „Alone“, симфониска балада „со тешки тапани и електрична гитара“, најверојатно ќе биде дел од новиот албум „Songs of a Lost World“, на кој групата работи неколку години и кој треба да излезе на 1 ноември.
Последниот албум што групата Cure го објави е „4.13 Dream“ од 2008 година.
Со богата дискографија, The Cure имаат огромен број следбеници, вклучително и млади фанови. Тие имаат повеќе од 17 милиони прегледи месечно на Spotify, значително повеќе од повеќето бендови од 1980-тите, според Гардијан.