Тетоважи за слепите

2421_pСлепите луѓе не можат да уживаат во визуелните работи како убава
шминка, фризура или пак креативна тетоважа. Меѓутоа една студентка
дошла до идеја како слепите можат да се изразуваат преку тетоважи кои
можат да се прочитаат.


Слепите луѓе не можат да уживаат во визуелните работи како убава шминка, фризура или пак креативна тетоважа. Меѓутоа една студентка дошла до идеја како слепите можат да се изразуваат преку тетоважи кои можат да се прочитаат.

2421

Клара Јиркова дизајнирала серија импланти од медицинска пластика кои можат да се постават под кожата, а потоа тетоважата да се прочита преку допир.

Подкожните импланти не се ништо ново, но нивното користење за да се креира телесна уметност за визуелно хендикепираните е интересна замисла. Јиркова мисли дека имплантите би можеле да се постават близу палецот и показалецот, така што кога луѓето ќе се поздравуваат би можеле да го „прочитаат“ името и одредена информација за својот соговорник.

- Реклама -