Тетка ѝ на Анџелина Џоли почина од рак на дојка

Тетка ѝ на Анџелина Џоли почина од рак на дојка, пред помалку од две недели,  откако холивудската ѕвезда објави дека се  подложи на двојна мастектомија како превентивна мерка против болеста, пренесоа американските медиуми.
Деби Мартин  починала на 61-годишна возраст во болница во близина на Сан Диего, изјави нејзиниот сопруг Рон Мартин. Таа беше помалата сестра на мајката на Џоли, Маршелин Бертран, која пак, починала од рак во 2007 година.  Имено смртта на нејзината мајка ја инспирираше актерката да се оперира.

Рон Мартин изјави дека неговата сопруга го имала истиот дефектен ген BRCA1 како Џоли, но не го знаела тоа, пред да разбере во 2004 година, дека е болна од рак. Тој додаде дека ако Деби знаела пред тоа за генетскиот ризик ќе сакала да постапи слично на својата внука.

- Реклама -