Тестостеронот те прави серко, дури и кога си жена

Сме виделе доволно „транзиции“ од мажи во жени, од Брус Џенер па до обични луѓе по социјални мрежи. Оваа е обратна.

Ова е Џејми Вилсон. Роден е пред 21 година како женско, а денес е еден од 1.4 милиони трансродни лица во САД. Кога им соопштил на блиските и пријателите дека планира да биде машко, не им се верувало, бидејќи „никогаш не пројавувал/а знаци на машкост“.

Две години терапии со тестостерон подоцна, Џејми е момак по кого се загледуваат женските во дискотека. Од друга страна, не контактира со најголем дел од семејството и пријателите. Делумна причина, можеби (Џејми не признава) е тоа што, според нив, почнал да се однесува премногу „мачо“… Што е познат ефект на тестостеронот кога ќе го преплави мозокот – да прави да се однесуваш како шупак.

Прочитајте и:  Ова се симптомите за низок тестостерон кај мажите

Што се однесува до промената на полот, убаво вика Луис Си-Кеј (во најновиот спешл); можеме само да им завидуваме на овие луѓе кои застанале, размислиле и, за разлика од нас, сфатиле кој е штрафот што им фали во главата. „Замисли се будиш едно утро и сфаќаш дека цел живот си сакал да бидеш був. Нели би било прекрасно?“, вика Луи.

- Реклама -