ТЕСТЕНИНИ СО СПАНАЌ, ПОДОБРИ ОД КЛАСИЧНИТЕ: Италијански деликатес кој ќе ве полуди

Потребно е:

400 гр тестенини
300 гр свеж спанаќ
2 лажици путер
2 лажици брашно
500 мл млеко
1 коцка пилешка за супа
40 гр рендан пармезан
морска сол, бибер
лук во прав
павлака по желба
маслиново масло

Подготовка:

Сварете ги тестенините според упатството на кесичката. Спанаќот исчистете го и измијте го, па исцедете го и грубо исечкајте го. Потоа пропржете го во голема тава, на загреано маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Посипете со лук во прав. Во загреаниот путер пропржете го брашното. Додадете млеко со постојано мешање. Промешајте ја коцката за супа, а потоа намалете ја топлината и варете неколку минути. Кога сосот ќе се згусне, додадете пармезан, малку лук во прав и сол. Готовата паста измешајте ја во спанаќот. Прелијте со бешамел сосот, па измешајте и послужете ги тестенините. Добар апетит!

- Реклама -