Компанијата „Тесла“ располага со вишок респиратори, за кои доби и одобрување од американската Агенција за храна и лекови (FDA) и кои ќе ги доставува во земји кои имаат потреба ширум светот, најави извршниот директор на компанијата Илон Маск.
На Твитер, Маск потенцира дека респираторите ќе бидат поделени целосно бесплатно, вклучително и со бесплатна испорака.
Постои само еден услов, а тоа ќе биде респираторите да бидат употребени веднаш, а не да се складираат во магацините.
We have extra FDA-approved ventilators. Will ship to hospitals worldwide within Tesla delivery regions. Device & shipping cost are free. Only requirement is that the vents are needed immediately for patients, not stored in a warehouse. Please me or @Tesla know.
— Elon Musk (@elonmusk) March 31, 2020
* Ps. Респираторите (уреди за механичка вентилација на белите дробови) во САД се нарекуваат вентилатори, а под респиратор се подразбира маска со филтер, како што се N95 маските.