Таа е самопрогласена кралица на „селфи“ сликите дури издаде книга за „уметноста“ на сликањето на совршени слики, насловена „Selfish“ (Себичен).
Но, Ким Кардашијан не успеа да направи „селфи“ со водителите Ент и Дек за време на доделувањето на BRIT Awards.
Омиленото британско водителско дуо изгледаа задоволни кога американската реална ѕвезда им се придружи на сцената за да доделат награда.
Споделувајќи ги најдобрите совети за сликање од идеален агол, таа изјави: „Кој има најдолга рака бидејќи тоа е најдобриот агол.“
Меѓуота, обидот за совршено „селфи“ пропадна, бидејќи таа го заборави првото правило и најважната работа- да го отклучи својот телефон.
„Заклучен е, не сликаже“, се насмевнала таа, на кое комичното дуо одговори: „Само сакавме да го документираме тоа“.
Ако ништо друго, Ким знае многу добро да ги нагласи своите адути- порадо би ја гледале, отколку што би ја слушале- велат некои коментари на Твитер.