Тешки денови за Мекдоналдс во Венецуела

venezuela-chips-mc_3156484c[1]

Недостатокот од основните прехранбени производи во Венецуела – од ориз, до овошје и зеленчук, па дури и тоалетна хартија – и понатаму се продлабочува.

Граѓаните на земјата – тие што имаат нешто пари, ја користат секоја шанса да пазаруваат во странство. Така беше минатиот викенд, кога владата привремено ја отвори границата со Колумбија, а море од луѓе пеш заминаа во набавка на намирници. Оние другите Венецуелци, пак, често можат да се видат како претураат по кантите.

Дополнителен знак дека кризата во Венецуела се продлабочува е тоа што McDonald’s објави дека привремено ја запира продажбата на еден од своите најпопуларни производи – сендвичите Big Mac. Информацијата доаѓа од најголемата франшиза на компанијата – Arcos Dorados Holdings Inc, која управува со повеќе од 2.000 ресторани во Латинска Америка. Оттаму информираат дека ситуацијата во Венецуела не им дозволува да набават доволно лепчиња за познатите сендвичи, но се надеваат дека тоа нема да трае долго. Во меѓувреме, Мекдоналдс сепак ќе продолжи да ги продава најпопуларните сендвичи во земјата – Quarter Pounder и McNífica.

Big Mac. Во Венецуела не може да се набави средното лепче.
Big Mac. Во Венецуела не може да се набави средното лепче.

Според последните податоци, резервите на Венецуела изнесуваат 11.9 милијарди долари, за разлика од 20 милијарди пред 2 години. Земјата е принудена да продава злато, најмногу поради ниската цена на нафтата (која до неодамна придонесуваше за сериозен дел од приходите во државната каса), за да ги плаќа долговите.

Податоците на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека економијата на земјата во 2016 година ќе забележи пад од 10%, а инфлацијата ќе биде над 700%.

- Реклама -