Тери Прачет направил меч со метеорити

TPOBEАнглискиот писател Сер Тери Прачет изјавил дека бил толку возбуден кога кралицата го назначила за витез, што решил да си направи меч за да биде соодветно опремен за новата функција. Но за него, едноставно не било доволно само да најде метал и ковач кој ќе го оформи истиот.


Англискиот писател Сер Тери Прачет изјавил дека бил толку возбуден кога кралицата го назначила за витез, што решил да си направи меч за да биде соодветно опремен за новата функција. Но за него, едноставно не било доволно само да најде метал и ковач кој ќе го оформи истиот.

Тери ПрачетПрачет, верувајќи дека мечот нема да биде навистина негов, освен ако тој самиот не го направи, нашол поле со железна руда близу до неговиот дом во Вилтшир, западно од Лондон. Тој ја собрал рудата и самиот ја преработил за да добие железо.

Шеесет и две годишниот писател кој има продадено околу 65 милиони копии од неговите книги, меѓу кои е и серијата Discworld, изјавил: „Речиси целиот мој живот создавав работи кои не можат да бидат допрени, па неверојатно е чувството на постигнување кое се чувствува кога создавате нешто што е навистина вистинско.“

Со помош на неговиот пријател Џејк Кин – експерт за антички металопреработувачки техники – писателот ископал 81 килограм руда и ги претопил на неговиот имот, во печка направена од глина и сено, користејќи овчи измет како гориво.

Прачет, кој боледува од Алцхајмерова болест, исто така изјавил дека додал „неколку парчиња од метеорити – значи, железо од громови – кое е магично, мора да се додаде тоа, без разлика дали верувате или не“. По неколку дена, металот бил оформен во прачки и однесен на ковач, со кого Прачет заедно го оформувал мечот. Мечот на крај бил украсен со малку сребро.

Писателот го скрил мечот на тајна локација, бидејќи бил загрижен дека полицијата ќе се заинтересира за него. Тој изјавил: „Ме нервира што на витези не им е дозволено да ги носат сопствените мечови. Полицијата тоа би го третирала како криминал“.

- Реклама -