На генијалниот писател, Сир Тери Прачет, 63, му беше дијагностицирана рана фаза од Алцхајмерова болест. Наместо да чека сосема да ја загуби луцидноста, тој се решил животот да го заврши на достоинствен начин и започна битка за правото на еутаназија.
Сир Тери се решил да ги побара формуларите од организацијата за право на еутаназија, Дигнитас, кога бил во нивната клиника, снимајќи го контроверзниот документарен филм во којшто е прикажан 71 годишниот Питер Смидли, кој се напил коктел од отрови, пред да почине во прегратките од неговата сопруга.
Документарниот филм се емитувал вчера и за првпат прашањето за право на избор на сопствената смрт е поставено во филм на една терестријална телевизија – нешто што покрена многу дебати. Тери Прачет рекол дека ги подигнал формуларите за согласност, но сè уште ги нема потпишано. [Sir Terry Pratchett begins process that could lead to assisted suicide]