Тепачка меѓу млади во Требиште и семејно насилство во гостиварско

СВР Тетово информира дека половина час после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека во  Требиште бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Требиште, Р.А.(18) од Италија со престој во Велебрдо и И.А.(22) од Италија, со престој во Аџиевци, при што И.А. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во Медицински центар во Гостивар. Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Вчера пак, во 20.55 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Е.А.(32) од гостиварско село. Тој бил пријавен од неговата 35-годишна сопруга дека физички ја нападнал и ѝ ги одзел парите. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во полициското известие.

Извор