Теоријата дека луѓето живеат во зоолошка градина

shutterstock_136457129[1]

Во 1950 година, физичарот Енрико Ферми ја поставува хипотезата дека веројатноста да постои вонземски живот е огромна. Се поставува прашањето: Каде се сите?

Има безброј шпекулативни одговори, но неспорно еден од попровокативните е танакаречената Хипотеза на зоолошката, поставена во 1973 година од астрономот Џон Бол.

Според оваа хипотеза, во вселената постои вонземски живот, но вонземјаните можеби просто нé игнорираат, исто како што ние (додуша делумно) ги игнорираме животните што ги чуваме во зоолошките. Со други зборови, вонземјаните нé принудиле да живееме во вселенска зоолошка градина, каде можат да нé набљудуваат притоа без да се мешаат или без нивната вмешаност да е забележлива или разбирлива за нас.

Според теоријата, вонземскиот живот толку многу напреднал што или не сака да влијае на нашето примитивно општество или од некаква друга причина не сака да контактира со други интелигентни форми.

Друг неоспорлив аспект на теоријата е дека и тоа како има логика, кога ќе се земе во предвид дека животот можел да еволуира и да се развие со многу побрзо темпо од нашето. Брзината со која човештвото прогресира само во последните 100 години може да овозможи добар увид во тоа колку голем може да е прогресот на една цивилизација која се развивала со слично темпо во период од, да речеме, 100 милиони години.

Science Alert

- Реклама -