Теорија на заговор: Титаник не потонал!

Писателот Робин Гардинер кој што работи на документарец за потонатиот брод Титаник во една своја книга ја опиша теоријата за измама за несреќата во која истакнува дека собрал документи и фотографии кои се доказ дека Титаник и неговиот сестрински брод Олимпик се заменети.Според него на 15-ти април 1912 година бродот Олимпик удрил во карпа мраз и потонал, при што загинале околу 1.517 лица и дека потонатиот брод на дното на Атлантикот не е Титаник. Гардинер истакнува дека документите и фотографиите кои што ги собрал го докажуваат неговото тврдење и вели дека се се совпаѓа и со изјавите на преживеаните патници од Титаник.

titanik-fake5

„Преживеаните опишале каде се шетале на палубата, но на тоа место според нацртот на бродот, би требало да се наоѓаат кабините. Тоа е затоа што сето тоа не се случило со Титаник“, вели писателот.

Според него деталите од бродот откриваат дека патниците не пловеле со Титаник туку со Олимпик, а мотивот на измамата е во економски проблеми.

100829titanik23

Имено лидерот на компанијата „Вајт Стар Лајн“, инвеститорот Џ.П. Морган имал финансиски проблеми, односно неговата компанија требало да ги плати трошоците за поправка на оштетениот брод Олимпик.

Но Морган со цел компанијата да добие пари од осигурителните компании решил Олимпик да исплови наместо Титаник и во еден момент да потоне. Според планот во близина требало да има доволно бродови за спасување и никој од патниците и членовите на екипажот да не се удави.

100829titanik23

Но планот пропаднал и се случила несреќата, во која загинаа голем број луѓе. Писателот веќе работи на документарец за приказната за Титаник за која смета дека „засекогаш ќе ја промени историјата“ .

- Реклама -