Апелациониот суд Скопје, откако делумно ги уважи жалбите на поранешната министерка за внатрешни – Гордана Јанкулоска, пресуди таа да добие помала казна од онаа предвидената во првостепената пресуда. Така, затворската казна на Јанкулоска ѝ е намалена од 6 на 4 години. Остатокот од првостепената пресуда судот во целост ја потврдува, соопштија од Апелација.
Кон крајот на јуни детето на Јанкулоска полни една година, со што ексминистерката го губи правото на понатамошно одложување на казната.