Температурите во градовите можат да пораснат и за 8 степени

Благодарение на глобалното загревање и бетонизацијата, температурата во големите градови до крајот на веков може да порасне и до 7 – 8 степени Целзиусови, тврдат научниците.

Овие проекции го отсликуваат најцрното сценарио, но кое лесно може да стане остварливо под услов да се задржат постоечките трендови на емисија на стакленички гасови.

Од тој пораст, 5 степени му се припишуваат на глобалното загревање, а остатокот на „бетонизацијата“ – кога асфалтот и бетонот ќе ги потиснат парковите и езерата, тоа ќе ги направи градовите потопли од нивната околина, пишуваат научниците во „Nature Climate Change”.

Проценките важат за најголемите светски градови. Таквиот развој на настаните не само што би имал големи последици по здравјето на жителите, туку и врз енергетската потрошувачка (преку климатизација).

Градовите зафаќаат само еден процент од светската површина, но трошат 78% од светската енергија и произведуваат 60% од вкупната емисија на стакленички гасови.

Во студијата се користени податоци од 1.692 најголеми светски градови, и растот на температурите кои го доживеале од 1950 до 2015-та година.

- Реклама -