Најголемиот производител на електроника во светот Samsung (“Самсунг”) го претстави новиот телевизор со заоблена форма, кој може да биде гледан од секој агол на собата.
Формата на екранот овозможува да се гледа телевизија во лежечка положба или од другиот крај на екранот, без да е потребно да се искривува телото, за да гледа добро.
Понудениот телевизор е со 55-инчен екран. Технологијата исто така овозможува да се гледаат две различни програми истовремено во висока резолуција.
Цената на телевизорот е 8999 долари.