Апликацијата со години одбиваше да врши модерација и да соработува со властите на државите со цел сузбивање на криминал кој се остварува преку платформата.
Сега Дурлов објави дека компанијата ќе направи драстични промени во нивниот пристап.
„IP адресите и телефонските броеви на тие кои ги прекршуваат нашите правила ќе може да бидат споделени со релевантните власти како одговор на валидни правни барања“ најави Дуров.
Тој исто така кажа дека тим на модератори ќе ја разгледуваат платформата и ќе острануваат содржини кои се сметаат за проблематични.
Ваквите промени, според Дуров се за да се демотивираат криминалците да ја користат апликацијата.
„Telegram Search е замислен за наоѓање пријатели и откривање информации, не за промовирање на нелегални добра“ вели тој.
Оваа промена е значаен чекор за Телеграм, кој има репутација дека не соработува со властите. Платформата, која е позната по енкриптираните пораки, со години беше критикувана поради отуството на модерација на содржината.
Во 2015 година Телеграм беше обвинуван поради чувањето на каналите на ИСИС. Платформата се користи од крајната десница за ширење на теории на заговор, мизгонија и расизам. Бидејќи Телеграм има голема база на корисници во Источна Европа, исто така е и главен центар за информации, но и дезинформации, поврзани со војната во Украина.
Во август, директорот на Телеграм Дуров беше уапсен од француските власти и обвинет дека Телеграм се користи за криминални активности, вклучувајќи и трговија со дрога и перење пари.
Дуров се уште е во Франција со платена кауција и треба да се пријавува во полициска станица два пати неделно.