Во следните 5 до 10 години, веќе никој нема да користи телефонски броеви, бидејќи нема да бидат нужни за обавување на телефонски разговори. Интернет профилите или и-мејл адресите ќе ја елиминират потребата од меморирање на серија на броеви, пишува весникот The Copenhagen Post.
„Телефонските броеви веќе исчезнуваат и ќе бидат целосно надминати во следните пет години. Во блиска иднина луѓето ќе добиваат повици преку своите веб профили или електронските меил адреси“, коментира Торбен Роне, телекомуникациски аналитичар во консултантска компанија.
Според Роне, смартфоните се толку добро развиени, а и мрежите за пренос на податоци, што наскоро интернет конекцијата ќе биде стабилна колку и секоја телекомуникациска мрежа.
„Технолошки, можно е телефонските броеви да бидат отстранети уште веднаш. Единствената причина што промената сé уште не се случила е тоа што индустријата треба да прифати одредени стандарди за кодирање на личните податоци“, појаснува експертот Николас Фредериксен.