Смирувачкиот глас на мајката делува како прегратка.
По стресно искуство еден телефонски разговор со мајката го покренува нивото на окситоцин – хормонот на љубовта.
Ова го утврдија научниците кои истражувале 61 девојчиња меѓу 7- и 12-годишна возраст, кои чувствувале трема пред јавен настап. Децата требало да зборуваат пред непозната публика и да решаваат задачи. Конечно некои биле прегрнати од своите мајки, други им телефонирале, а трети само гледале филм.
Научниците од Универзитетот Вискенсин-Медисон ја измериле количината на хормонот на стресот кортизол и на окситоцинот во организмот на девојките. Кај сите веднаш по настапот нивото на кортизол било високо. Интересно е тоа што истото ниво паднало значително побрзо кај децата, кои оствариле контакт со своите мајки, отколку кај другите.
Окситоцинот се зголемил во организмот на девојчињата, кои ја допреле или слушнале мама, додека кај оние кои гледале филм, останал непроменет.