Ако требаше да погодуваме, ќе
речевме дека мажите се побројни читатели на 365.com.mk. Знаејќи го тоа,
на понежниот пол му го претставуваме овој кич телефон-чанта.
Ако требаше да погодуваме, ќе речевме дека мажите се побројни читатели на 365.com.mk. Знаејќи го тоа, на понежниот пол му го претставуваме овој кич телефон-чанта.
La Pochette, производителот на овој продукт, објаснува дека ова е женска торба што треба да наликува на телефон од седумдесеттите. И што е уште подобро, навистина работи. Само приклучете го вашиот стандарден телефон и веќе веднаш ќе може да се слушнете со вашата другарка и да се информирате за најновите озборувања. Рачката воедно функционира како телефонска слушалка, а предниот дел како тастатура.
Достапно во страствена црвена боја и класична црна. Цена $295.