Кога десетина кокошки исчезнале од едно село во Западен Бенгал, Индија, сите вината ја префрлиле на маалските кучиња.
Кога десетина кокошки исчезнале од едно село во Западен Бенгал, Индија, сите вината ја префрлиле на маалските кучиња.
На Аџит Гош, сопственикот на исчезнатите кокошки, една вечер му се разјаснила мистеријата кога го начекал своето теле, кое хиндусите го сметаат за свето животно, како му ги јаде кокошките.
"Се шокиравме кога го видовме нашето теле како ги јаде живите кокошки", изјави Гош.
Откако им исчезнале 48 кокошки семејството на Гош решило таа вечер да чува стража кај шталата во која бил и кокошарникот.
"Наместо да видиме кучиња, ние ужаснати го видовме телето, кое го викаме Лал, како стои кај кокошарникот и како ги фаќа кокошките со прецизност на дива мачка", изјави братот на Гош.