Tекила дијаманти

Повеќе... Мексиканските научници докажаа дека не им е проблем да произведат дијаманти, туку проблем им е каде и за што да ги искористат, зошто овие дијаманти се премногу ситни за да би можеле да се искористат за изработување на накит.


diamond.jpgМексиканските научници докажаа дека не им е проблем да произведат дијаманти, туку проблем им е каде и за што да ги искористат, зошто овие дијаманти се премногу ситни за да би можеле да се искористат за изработување на накит.

Кристалите кои денес се користат во индустријата се добиваат од разни видови хемикалии, но мексиканските стручњаци со својот експеримент докажаа дека синтетичките дијаманти може да се добијат и од алкохол, во случајов од мексиканскиот национален пијалок, текилата. Под висока температура овој “скапоцен” жесток пијалок се претвора во електропроводлива дијамантска структура.

Текила дијамантите би можело да се искористат во повеќе области – за детекција на радијација, за обложување на делови од машини кои работат при високи температури или како замена на силиконот во компјутерските чипови, тврди еден од тројцата истражувачи на Мексиканскиот универзитет кои летово дошле до ова откритие. [Mexican scientists turn tequila into diamonds]

- Реклама -