Младата американска ѕвезда Тејлор Свифт, постепено се одалечува од имиџот на мала и слатка девојка, па за време на фотосесијата на магазинот „Wonderland“ се покажа во едно поинакво издание од она на кое сме навикнати да ја гледаме.Во црвен фустан и со сосема минимална шминка, пејачката застана пред апаратот на Тунг Волш и позираше демонстрирајќи срце со прстите.