Технолошки гаф во „50 нијанси на сиво“

Членовите на Twitter заедницата се збунети по премиерата на филмот „50 нијанси сиво”. Не, не станува збор за сексот. Во филмот има технолошки гаф.

Не само што 27-годишната хероина користи старомоден телефон на преклоп, туку таа има iMessage на него.

apple text message

Кога главниот лик од филмот е на гости на мајка си во Џорџија, таа праќа пораки на Греј од iMessage, додека кадрите  покажуваат дека држи во рацете телефон со преклопување.

Самиот факт дека таа користи таков телефон е чуден, бидејќи денес во САД никој не ги употребува.

tel

Повеќе на оваа тема, видете тука.

 

- Реклама -