Технологијата ѝ се заканува на средната класа

Американскиот потпретседател Џо Бајден смета дека средната класа има потреба од поддршка во услови на моменталниот бурен развој на технологијата, што го доби името “Четврта индустриска револуција”, пренесоа агенциите.

joe-biden_4

„Оваа така наречена четврта индустриска револуција има потенцијал да ѝ наштети уште повеќе на средната класа и наша обврска е да ги насочиме промените во корист на општеството. Наша должност е промените да ги направиме на начин дигиталната револуција да создаде повеќе победници отколку губитници “, изјави Бајден, додавајќи дека средната класа отсекогаш била основа за социјална правда во светските демократии.

„Кога средната класа е добро, тогаш им е добро и на богатите, а и сиромашните имаат пат нагоре “, истакна тој.

- Реклама -